Кои општини во Пелагонија ги освои СДСМ и коалицијата

0
1993

Според резултатите на Државната изборна комисија во најголем дел од општините во Пелагонија најмногу гласови освои коалицијата на СДСМ.

Во Ресен, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, Долнени и Прилеп најмногу гласови за кандидатите на СДСМ и нивната коалиција.

ВМРО ДПМНЕ води на гласањето во Новаци, каде според партиски извори ќе има втор круг.

Независниот кандидат во Могила Стево Пивковски води пред кандидатот на СДСМ, и таму според партиски извори ќе има втор круг.