Кој колку мандати освои во Советот на општина Битола

0
4175

СДСМ и коалицијата на листата за советници според резултати на ДИК освоија 26.555 гласови, наспроти коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за чија советничка листа гласале 17.481.

За независната листа на Габриела Илиевска гласале 2969 гласачи, на трето место по освоени гласови е колаицијата на ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците со 1550 гласови.

Партиски пресметки велат дека СДСМ освои 17 мандати, ВМРО ДПМНЕ 11 мандати, два мандата кај листата на Габриела Илиевска и еден мандат кај коалицијата на албанските партии.