Колку случаи на силување и полов напад врз дете имало во Битола ?

0
794

Битола е втор град по сторено кривично дело полов напад врз дете во последните неколку години вкупната бројка изнесува 55. Додека пак за кривичното дело силување во перидот од 2010 до 2016 година во Битола евидентирани се вкупно 35 случаи.

Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при Министерството за внатрешни работи изготви збирна анализа за вкупниот криминал по области и сектори во периодот од 2010 до 2016 година во Република Македонија. Во извештајот стои дека 2014 е година во која што се евидентирани најмногу случаи за кривичното дело силување 45 случаи на ниво на Македонија .

Штип е со најголем број случаи за сторено кривично дело силување и тоа со 15 случаи во 2012 година, а веднаш после него е градот Велес , таму евидентирани се 11 случаи во 2014 година за кривично дело силување, после овие два града следат Скопје и Охрид со евидентирани по 10 случаи.

За кривичното дело полов напад врз дете во Македонија во 2010 година има најмногу евидентирани случаи и тоа 61 случај.

Фрапантна е бројката во Штип за оваа кривично дело, во 2010 година евидентирани се 19 случаи врз кривичното дело полов напад врз дете, додека пак за последните 5 години Битола е рекордер со евидентирани 16 случаи за кривичното дело полов напад врз дете.

Од 2010 до 2016 година има вкупно 55 случаи за ова кривично дело, најмала е бројката во 2012 и во 2014 година со по 3 случаи, додека пак во 2010, 2011 и 2016 евидентирани се по 8 случаи во секоја година а пак во 2013 има 9 случаи за кривично дело полов напад врз дете. После Битола е Струмица со евидентирани 11 случаи во 2010 година.