Колку убиства имало во Битола ?

0
1970
ubistvo vo przilnica za riba (big fish) vo aerodrom kaj sedmica, toni denkovski, krim tehnika 02-09-2010 rv (1)

Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при Министерството за внатрешни работи изготви збирна анализа за вкупниот криминал по области и сектори во периодот од 2010 до 2016 година во Република Македонија.
Во извештајот се наведува дека минатата година биле извршени 22.732 кривични дела од класичен криминал, 259 од организиран криминал, 988 од економски криминал и 770 кривични дела од недозволена трговија.

Според податоците, најмногу кривични дела (28.628) од класичен криминал имало во 2013 година, а најмногу кривични дела од организиран криминал (342) имало во 2015 година. Во 2015 година, исто така, имало најмногу кривични дела од економски криминал (1.012), додека, пак, најмногу кривични дела од недозволена трговија (964) имало во 2014 година.

Во Битола кривично дело убиство од 2010 до 2016 има вкупно 11, од кои во 2010 година имало три, во 2011 немало, во 2012 исто така три убиства, во 2013 едно убисто, и во 2014 имало едно убиство, во 2015 немало убиство, додека пак во 2016 година имало три убиства.

Најмногу убиства имало во Скопје во 2010 година евидентирани се 13, исто така и во 2011 година имало 13 убиства, најмалку имало во 2016 година, 4 убиства.
Втор град по сторено кривично дело убиство е Куманово во 2010 имало 7 убиства.

Додека пак кривично дело тешка телесна повреда во Битола најногу имало во 2011 година и тоа 39 случаи за нанесена тешка телесна повреда, а во 2015 најмалку 21 случај, во 2010 имало 33 случаи, исто и во 2012 година, во 2013 имало 35 случаи во 2014 година 28 случаи, и во 2016 година имало 22 случаи за нанесување на тешка телесна повреда.