Комеморација за загинатите за битката во Битола

0
1142

Амбасадите на Франција и на Алжир во Република Македонија по повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, на Француските гробишта одржаа комеморација за битката кај Битола од 18 мај 1917 година.Заедничката иднина на земјите од медитеранот треба да се гради во европски дух и сите знамиња да бидат во духот на братството, порача францускиот амбасадор во Македонија

-Овие страшни настани треба да ни дадат поука повеќе да не се повторат, да го негуваме зборот братство и сите заеднички да ги надградуваме европските вредности, изјави амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние


Амбасадорката на Алжир во Македонија порача дека тоа што се случило во битката кај Битола во 1917 година, треба никогаш да не се повтори и никогаш да не се заборави пожртвуваноста на сите жртви кои се бореле заедно и заедно го изгубиле својот живот. На комеморативниот настан цвеќе положија амбасадори и конзули на повеќе држави, претставници на македонското Министерство за одбрана, градоначалникот на општина Новаци и претставници на политичкиот живот во градот и државата


-Ќе инсистирам на поимот споделено единство, затоа што овие загинати војници со различна вера и боја на кожата, тоа го манифестираа во тешките моменти и главно никој не беше постар од 30 години, изјави амбасадорка на Алжир, Таус Џелули.


Според историски податоци, во 1916 година Француската армија го освоила градот Битола, кој бил гранатиран од бугарската артилерија од правец на планината Баба. Пролетта 1917 година, Франција започнала офанзива, но таа резултирала само со убиствени борби. На 18 мај, бугарските топови ја гранатирале областа наречена „Црвена Скала“. Во борбите учествувале 6.000 војници кои припаѓале главно на полкови од Алжир, составени од Алжирци или Французи родени во Алжир. Загубите биле страшни. Голем број од тринаесетте илјади војници погребани на Француските воени гробишта во Битола загинале на 18 мај 1917 година, а преживеале само 259 војници, беше посочено на комеморативниот настан во Битола.