Компанијата што ги произведува ракетите: Малезискиот авион е соборен со украински проектил

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компанијата што ги произведува ракетните системи БУК соопштила денес дека малезискиот авион на лет МХ17 бил соборен со постара верзија од ракетата која повеќе не е во употреба во руската армија туку потекнува од украинскиот арсенал, пренесува Раша тудеј.

„Ако малезискиот боинг над Украина бил соборен со ракетен систем БУК, тогаш тоа може да биде само БУК-М1, каков што користи украинската војска“, тврди Михаил Малишевски, советник на главниот конструктор на Концернот ПВО Алмаз Алтај.

„По анализата на надворешниот оклоп на авионот, извршена е анализа на типовите ракети кои ги произведувале сите претпријатија на концернот и заклучокот е дека, најверојатно, станува збор за проектил од типот БУК-11“, објаснил Малишевски.

Специјалистите на рускиот концерн ПВО Алмаз Антеј утврдиле дека патничкиот авион кој беше соборен на истокот на Украина бил погоден со противвоздушна ракета.

Патничкиот авион боинг 777, на компанијата Малезија ерлајнс, на лет од Амстердам кон Куала Лумпур, беше соборен во Доњецката област минатото лето. Во него имало 298 патници и членови на екипажот.

Во прелиминарниот извештај на официјалната истрага е наведено дека „авионот бил прекршен на половина за време на летот поради структурни оштетувања предизвикани од надворешно влијание на поголем број високоенергетски предмети“, но изворот на тие предмети сѐ уште не е утврден.

Share.