Концертот на Амира Медуњанин презакажан за в понеделник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Концертот на Амира Медуњанин, кој требаше да се случи вечерва во Хераклеја е презакажан за в понеделник  на 10-ти август, на истото место, Хераклеја со почеток од 21 часот.

Таа денес ја посети Хераклеја и од таму со песната „Јовано, Јованке“ ја повика публиката да дојде на нејзиниот концерт во понеделник, а од Авалон продукција потсетуваат дека концертот ќе биде организиран по сите протоколи за безбедност, поради пандемијата, а публиката задолжително мора да носи маски, бидејќи без нив нема да биде дозволен влез.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина.

Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт на нарече босанската Били Холидеја, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.

Share.