Kонцерт посветен на музиката за саксофон и оперските арии

0
792

Публиката во битолскиот Завод и музеј, имаа можност да уживаат во концертот на сопранот Маја Митровска, саксофонистот Стефан тасевски и пијано придружба Александра Ј.Момировска.

Композициите на Вивалди, Хендл, Чајковски, Де Фалја, Равел, Делиб, Пиацола беа дел од концертот.

Маја Митровска од 2010тата е професор по соло пеење во Државното музичко училиште во Битола, Стефан тасевски е наставник во ОУ.Коле Канински, а Момировска од 2002 та е наставник по пијано и корепетитор во Државното музичко училиште.