Корона тест за публиката на српските фестивали

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Водечките српски манифестации објавија мерки за заштита – корона-тест за посетителите

Откако Светската здравствена организација неодамна донесе нова препорака со која се повикуваат државите повторно да дозволат одржување на масовни манифестации, истакнувајќи го нивното значење за менталното здравје и општата добросостојба на општеството, во соседна Србија веќе се очекува формирање на заедничко здравствено тело на Владата на Србија и најголемите манифестации кои се одложени за август, кога пак се очекува и смирување на епидемиолошката ситуација.

Српските водечки манифестации како што се „Егзит“, „Бирфест“, „Нишвил“ и „Мјузик Вик“ веќе донесоа и прелиминарни сет-мерки со цел сѐ да се одвива максимално безбедно:

1.      Задолжителен корона-тест за посетителите

Во случај вирусот да биде активен во август, ќе бидат обезбедени бесплатни тестови за корона и само со негативен тест ќе биде овозможен влез на фестивалот, како би се осигурало дека на фестивалите нема да има заразени со вирусот.

2.   Секојдневно тестирање на персоналот

Сите припадници на персоналот пред почетокот на смената задолжително ќе се тестираат пред да влезат на фестивалот.

3.      Намалување на капацитетот на фестивалите

Максималниот број на посетители на сите фестивали ќе биде значително намален во однос на претходните години. Површината на манифестациите мора да изнесува најмалку 3m2 по еден посетител.

4.      Задолжителни маски и ракавици за сите вработени на фестивалите

Сите ангажирани на фестивалот мораат да носат заштитни маски и ракавици.

5.      Дезинфекција уште од влезот

На повеќе пунктови на фестивалот ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција за публиката.

6.      Маски за посетителите

На влезовите на фестивалите ќе бидат обезбедени маски за сите посетители.

7.      Повеќекратно зголемен број на тимови

Повеќекратно зголемен број на вработени во санитетскиот сектор, како и поголем број на тимови на брза помош.

8.      Здравствени пунктови

За публиката ќе бидат достапни пунктови за мерење на температура и пријавување на евентуални симптоми.

9.      Објекти за изолација

Поставување на објекти за изолација во случај некој од посетителите да покаже симптоми.

10.   Препорака за ризичните групи да избегнуваат собири

Иако и во вообичаените околности практично 100% од публиката на наведените фестивали секако е во старосната категорија која не е загрозена, оваа година посебно се препорачува сите ризични групи да избегнуваат било какви масовни собири.

Ова е прелиминарен список со мерки, додека конечните мерки на претпазливост ќе бидат донесени во координација со Владата на Србија по формирање на заедничкото работно тело.

Share.