Косовската коалиција ПАН во потрага по коалициски партнери

0
377

Коалицијата ПАН, што ја сочинуваат Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово, иако победи на неделните косовски предвремени парламентарни избори, сепак ќе мора да бара други коалициски партнери за да формира нова влада.

Според прелиминарните резултати, како што јави дописникот на МИА, ПАН освои 39 пратенички места во 120-членото Собрание на Косово, па ќе и треба поддршка од уште најмалку 22 пратеници за обезбедување парламентрано мнозинство.

ПАН не ќе може да обезбеди мнозинстви ниту со вклучување во владината коалиција на десетте пратеници на Српската листа и десетте пратеници од малцинските заедници. Таквата коалиција предводена од ПАН би имала 59 пратеници, па за мнозинство и се потребни уште два пратеника и затоа мора да бара и друг коалициски партнер за формирање влада.