Ковачевски: Голема победа на СДСМ во Битола

0
1802

– Според конечните, а неофицијални резултати од гласањето на локалните избори, од сите 170 избирачки места во општина Битола, бројките се следните:
Кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери, Наташа Петровска доби 31.337 гласови или речиси 60% а нејзиниот конкурент од ДПМНЕ Зоран Илиоски 17.715 или 34%.
Разликата од речиси 14.000 гласови, ја потвдува победата во прв круг на новата Градоначалничка Наташа Петровска.
Советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од Валентин Груевски доби поддршка од 26.555 гласачи или 51% а листата на ДПМНЕ 17.481 глас или 33%.
Бројките го покажуваат и односот на силите во новиот Совет на Општина Битола. СДСМ и коалицијата ќе имаат стабилно мнозинство со 17 советници, наспроти ДПМНЕ со 11 советници. Во Советот ќе партиципираат и 2 советници од независната листа и 1 советник од листата на албанските партии.
Ваквите бројки од изборите во неделата покажуваат само едно, дека во изминатите 12 години предходниот Градоначалник и тогашната партија на власт ДПМНЕ водеа погрешни политики кон Битола и битолчани, без речиси никакви капитални инвестиции, со непринципиелен однос кон бизнис заедницата, без перспектива за младите.
Ја унишија Битола, ја добија казната од битолчани!
Почитувани сограѓани,
Да искажам голема благодарност до сите оние кои ни ја дадоа поддршката со својот глас, најдемократски без никакви притисоци и уценувања.
Вашата голема поддршка, за нас ќе значи голема обврска да ги реализираме ветувањата од изборната програма но и голема одговорност да ја вратиме Битола на местото каде заслужува.
Битола треба и мора да биде подобро и поубаво место за живеење.
Новата локална самоуправа предводена од Наташа Петровска тоа и ќе го направи, изјави Васко Ковачевски претседател на СДСМ- Битола