Кражба на Партизанска во Битола

0
2833

На 09.06.2017година во времето од 21,15 до 23,40 часот во Битола, на ул.„Партизанска“ во стан сопственост на И.В. непознат сторител со употреба на погоден алат го скршил цилиндерот од влезната врата од станот истата ја отворил, влегол внатре и извршил пребарување низ собите, при што одзел  1.430 евра во разни апоени, пиштол марка “Чешка Зброевка 85“ калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми и златен накит, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 130.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.