Кривичниот суд ги отфрлил „бомбите“ како доказ во шест случаи на СЈО

0
320

Кривичниот суд ги отфрлил „бомбите“ како доказ во случаите  Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тревник“, и „Тифани“. Од Специјалното јавно обвинителство најавуваат жалби на овие одлуки на судиите од Кривичниот суд.

Отфрлањето на бомбите на СЈО се случува во фаза на оценка на обвиненијата, која што за најголемиот дел од нив, уште трае.

Апелацискиот суд претходно постапувајќи по жалби на СЈО за отфрлање на бомбите како доказ во случајот „Триста“, но и во случајот за „Насилството во Центар“ веќе донесе одлуки бомбите да бидат прифатени.