Кузманоски ја бара поддршката од жителите на Новаци

0
1152

-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Новаци за големата излезеност на изборите во првиот круг и поддршката која што ја добивме. Сега ги повикувам повторно масовно, одважно, храбро и без страв, уцени и закани да излезат на 29 октомври да гласаат за бројот 19, да гласаат за мене како кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата. Време е и Новаци да се приклучи кон победничкиот табор што веќе во првиот круг се случи на ниво на Р.Македонија, изјави Љубе Кузманоски кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата за општина Новаци.