define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Лазаров: Ако биравме група, ќе ја одберевме баш оваа! - ТЕРА

Лазаров: Ако биравме група, ќе ја одберевме баш оваа!

Македонските репрезентативци пристигнаа во Египет и се наоѓаат во својот хотел, откако сите брзи тестови на ковид-19. што им беа направени веднаш по слетувањето во Каиро, се негативни.

Капитенот Кирил Лазаров е особено задоволен од изгледот на групата, која ни дава за право да се надеваме на пласман во следната рунда.

„Информацијата за настапот на СП ја добивме на вечерниот тренинг. Влеговме како замена, но подготвени сме, затоа што повеќе од десет дена сме заедно и одигравме тестови со Чиле кои беа добредојдени. Се најдовме во една добра група, за која, можам да кажам дека имавме доста среќа, затоа што ако можевме да бираме каде ќе играме, сигурно ќе ја одберевме оваа група.

Прв противник за нас е Шведска, која на СП доаѓа десеткувани, без најмалку осум првотимци. Индиректно ни се дава шанса да бидеме повеќе конкурентни, па дури и да изненадиме. Среќен сум што играме на ова СП, затоа што може да видиме до каде сме и во каква ситуација индивидуално и колективно е македонскиот ракомет, па потоа ќе може да се направи детална анализа, што и како понатаму“, вели Лазаров.

Шведска е прв противник на нашиот национален тим, а натпреварот се игра в четврток од 20:30 часот.

Сподели