Лазовски: Состојбата во културата пострашна од 45-та

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот заменик министер за кулура Владимир Лазовски деновиве го прашавме зошто на Шекспир фестивалот во Битола немаше претставник на Министерството за култура како што тоа било пракса во изминатите години, да има гостин на свеченото отварање. Ова како забелешка можеше да се прочита на социјалните мрежи. Го прашавме и за тоа како ја отценува состојбата во културата и дали работат на нови проекти?

-Ова што денеска го затекнавме како ситуација е пострашно од 45-та кога беше разурната државата од војната. Денес според мое видување, колку што имам информации државата е од 45-та година повеќе разурната, така што плановите на Министерството се да ја пополниме таа дупка и да ги поставиме вистинските темели на културата во Р.Македонија, а понатаму ќе работиме за нови проекти, изјави Владимир Лазовски, заменик министер за култура на Р.Македонија

Share.