Лекот против коронавирус Ремдесивир ќе чини 2.340 долари по пациент

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компанијата „Гилеад“ со седиште во Калифорнија, одлучи петдневен третман со ремдесивир, потенцијален лек за ковид-19 во САД и во развиените земји да чини 2 340 долари.

Цената е речиси двојно помала од предложената од 5 080 долари од Институтот за економска анализа, америриканска групација за истражување на цените.

Институтот предлагаше најниската цена на овој лек да се движи од 2 520 до 2 800 долари, во случај евтиниот кортикостероид дексаметазон, кој не е потврден, да биде одобрен за лекување на новиот коронавирус.

Ремдесивир е лек одобрен за итна употреба кај некои пациенти во САД. Неговата цена за пациенти во САД со приватно осигурување ќе чини 520 долари за една доза, а бидејќи лекувањето се состои од шест дози, вкупно ќе чини 3 120 долари. Тоа е за 33 отсто повеќе отколку што „Гилеад“ им предложи на владите на развиените земји – 390 долари за една доза односно 2 340 долари за третман.

„Гилеад“ постигна договор со американското Министерство за здравство, агенциите и државите да се организира достава на лекот до болниците до крајот на септември.

360stepeni.mk

Share.