Лидерите на Србија и Косово се за обнова на преговорите

0
393

Лидерите на Косово и на Србија ја поддржуваат идејата за обнова на преговорите со цел намалување на неколкумесечните тензии меѓу Белград и Приштина. Претседателот на Косово на Фејсбук напиша дека му се јавил на српскиот претседател Александар Вучиќ за да му честита на неговата изборна победа во април. Притоа, тие се согласиле да го „продолжат дијалогот за да се најдат решенија за сите заеднички прашања“. Во меѓувреме, Ана Брнабиќ која Вучиќ ја номинира за премиер, изјави дека главна цел на Белград е „политика на мир и соработка со Косово“.

https://www.slobodnaevropa.mk