Лице со „експлозив“ и се закануваше на полицијата?

0
898

Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати.

Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица.

Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето И.И. кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот човек е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај.