Лондон прифати преговорите за Брегзит да се одвиваат во две фази

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис се согласи со барањето на Европската унија преговорите на истапување на Велика Британија од ЕУ да се водат во две фази.

Согласно договореното, во првата фаза ќе се преговара околу постигнувањето договор за условите за излез на Велика Британија од Унијата, а дури потоа, во втората фаза, ќе се разговара за идните британско-европски односи и за можен договор за слободна трговија.

Share.