Лото 7 донесе рекордна 7-ка, вредна над 31 милион денари. Добитната комбинација е уплатена во „Алек Табак“ – Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
„Државна лотарија“ со задоволство соопштува дека во извлекувањето на добитни бројчиња од играта на среќа Лото 7, во коло 73 реализирано во саботата – на 12 септември, се постигна 7-ка во вредност од 31 165 143 денари, или над петстотини и шест илјади евра.Ова е досега најголемата постигната премија од играта на среќа лото, во историјата на „Државна лотарија“.
Добитното ливче е уплатено во продажното место „Алек Табак“, во Битола во вкупна вредност од 100 денари. Уплатени се 4 (четири) комбинации Лото 7 и 1 (еден) Џокер, а добитна е 4-тата лото комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35.
„Алек Табак“ се наоѓа на прочуениот Ат пазар во Битола и е едно од омилените продажни места на битолчани од 1990 година. Ова место веќе осум години, во соработка со Државна лотарија, им носи среќа на сограѓаните преку различни видови постигнати стокови и парични добивки. Само во последниот период им донесе неколку големи 6-ки, а сега се закити со титулата најсреќно место во нашата земја.
Рекордната 7-ка е 24-та по ред откако Државна Лотарија започна да приредува лото игри, а трета по ред под брендот Лото 7.
Претходната 7-ка беше постигната на 21 септември, пред неполна година, во Кичево и вредеше 11.966.712,00 денари, а 7-ката пред неа во вредност од 29.293.930,00 денари ја освоија среќни бројчиња уплатени во Кавадарци.
За 7-ка досега се славеше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци и Кичево, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Овојпат по петти пат ќе се слави во Битола.
Среќните броеви: 8, 11, 20, 22, 28, 31, 35, извлечени во коло 73 на Лото 7, ја донесоа рекордната 7-ка чијшто горд сопственик се надеваме дека наскоро ќе го запознаеме и ќе ја споделиме неговата среќна приказна, соопштија од Државна лотарија.
Share.