Mицкоски обвини дека камионите на Вице Заев возат за РЕК Битола

0
806

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска обвини дека камиони на братот на премиерот, Зоран Заев Вице Заев возат за РЕК Битола.

Вели дека тука има сомнежи за криминал.

Мицкоски рече дека ова е случај каде треба да се вклучи и да ги провери сите аспекти Јавното Обвинителство на Република Македонија.

Според него обвинителството треба да провери дали е точно дека компанија која важи за блиска до власта е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во четри очи.

„Имено во одреден временски период на почетокот на оваа година обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име, работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев врши услуги чии краен корисник е државна компанија? И зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија?“ рече Мицкоски.