Мадрид е загрижен за манипулативните пораки од Русија за каталонската криза

0
277

Шпанската влада денеска соопшти дека на социјалните мрежи се регистрирани манипулации со информациите за каталонската криза, кои доаѓаат од територијата на Русија, и сака за ова да се разговара на Советот на Европската унија за надворешни работи в понеделник. 

– Според она што владата го установи, многу пораки и мешања на социјалните мрежи доаѓаат од руската територија. Со акцент на вистинскиот израз – руска територија, што не значи нужно дека станува збор за руската влада, изјави министерката за одбрана Марија Долорес де Коспедал на прес-конференција во Мадрид по седницата на Министерскиот совет. 

http://novamakedonija.com.mk