Македонската естрада се собра на свадба во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола се случи голема македонска свадба на која се собраа повеќе познати имиња од македонската естрада, а среќниот младоженец беше првиот човек на една од најуспешните македонски продукциски куќи „Горила продукција”.
Пере – Нокаут, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Тијана, Тамара и уште многу други познати имиња присуствуваа на големата свадба кај Васко Павлевски.

svadba1.jpg
Васко Павлески заплови во брачните води и ја официјализира љубовната врска со неговата сакана Екатерина која е исто така од Битола.
Познатите македонски пејачи присуствуваа со своите понежни половини како Димитар со прилепчанката Христина, Пере со својата сакана Јована, Влатко со својата девојка Савка.

svadba2.jpg
Од венчавката најубавите спомени ќе се паметат засекогаш а ние им посакуваме многу љубов на Васко и Екатерина во заедничкиот живот.

Share.