Mакедонскиот славеј Зарина Првасевда за првата песна од првиот албум

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
  •  Се надевам дека ова мало парче музика откинато од моето срце и извајано со многу љубов заедно со овие прекрасни музичари и целиот тим кој работеше на него , ќе ви го затопли срцето барем следните неколку минути.
    Дефинитивно, овој датум останува силно запечатен во дневникот на моето земско патување, како еден нов животен почеток. Благодарам на сите кои ме бодрите и инспирирате-напиша Евгенија Здравевска на фејсбук, односно Зарина Првасевда како што повеќе луѓе ја препознаваат, по повод онајн промоцијата на нејзината прва песна Мори моме солуненке, како најава за нејзиниот прв албум Билбил пее во планина.

– Песната потекнува од Егејско, важен дел од историскиот период на Македонија, регион кој сега е дел од Грција, место каде има жива традиција, фолклор, Македонци кои живеат таму и оваа песна им ја посветувам нив-истакна Зарина Првасевда.

Дел од тимот на албумот е Дарко Фурнаџински, аранжманите на повеќето од песните се дело на Александар Петров. На албумот работеа и Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски, Благојче Трајковски, Ратко Даутовски. Тука се и Филип Михајловски, Дејан Цветковски, Оливер Јосифовски, Гоце Димовски.

Повеќе од интервјуто со Зарина Првасевда во видеото во продолжение.

Share.