Македонските граѓани не знаат да се справат со земјотрес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дали знаете како да постапувате во случај на земјотрес? да, ја знам процедурата, не, никогаш не ме информирале, во такви моменти надвладува паниката. Вака гласи анкетното прашање кое што неделава е поставено на веб страна на тера. За резултатите ќе ве информираме во понеделник.

Порано во образовниот систем имало масовни вежби за справување со земјотреси, поплави, пожари,и со тоа граѓаните се едуцирале, а новите генерации според познавачите имаат малку познавање за справување со природни непогоди, кои според науката во иднина ќе ги имаме се повеќе и повеќе.

Познавачите велат дека поради непознавање беа повредени голем број на лица кои по серијата на земјотреси во Скопје и околината побараа лекарска помош. Додаваат дека наместо да се чекаат државните институции надлежни за справување со криза, овие знаења се уште повеќе важни и ќе им помогнат на граѓаните сами да се справат.

Македонија важи за трусно подрачје и според статистика 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат кај нас. Оваа бројка не треба да се занемари како и бројката дека 95% од земјата е подложна на ерозија, една од главните причини за поплави.

На населението му е потребна едукација да научи да не се сече дрва, да не фрла отпад во канали или шахти, да знае да препознае што е зграда или куќа изградена според сите сеизмички стандарди. Паралелно со едукацијата на населението, инспекциите и државните органи треба секојдневно да ја контролираат ситуацијата на терен.

Како пример ја земаме Франција. Таму децата ќе учат да се справат со терористички напади.

Реалноста е дека многу работи благодарение на климатските промени и неодговорноста на човештвото е дека справување со природни непогоди ќе ни биде се почест предизвик.

Share.