Македонските одбојкари во четири сета загубија од Турција

Македонските одбојкари го загубија натпреварот со Турција со 3-1 во третото коло на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство во септември. Повторно имаше позитивни моменти, како блесокот во вториот сет, но и драстични падови во играта коишто можат скапо да го чинат црвено-жолтиот тим.

Кај нас, капитенот Никола Ѓорѓиев заврши со 18 поени, Александар Љафтов со 14, а Владо Милев беше стандарден со 10. Противничкиот коректор Адис Лагумџија освои 17 поени, го следеше Субаши со 14, а одлично издание имаше и блокерот Саваш со 13.

Со оглед дека и второто место може да обезбеди пласман на континенталниот самит, утре ни е потребна максимална победа со 3:0 над Босна и Херцеговина, а потоа уште некој сет, бод или победа над Турција в сабота за да ги зголемиме надежите за второ учество на европските првенства.

Сподели