Макрон: Терористите нема да ја поделат Франција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во предградие на Париз на улица на свиреп начин е убиен еден професор, 18-годишниот извршител со чеченско потекло е застрелан. Полицијата приведе девет лица. Францускиот претседател Макрон го оцени нападот за тероризам.

Полицијата ноќеска привела уште пет лица во врска со убиството во Париз. Станува збор за родители на ученици во училишттео во кое предавал професорот. Претходно беа уапсени четири осомничени, кои припаѓаат на опкружувањето на 18-годишниот напаѓач, кој бил убиен од страна на полицијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон го посети местото на злосторството во Конфлан Сен-Онорин. „Наш сограѓанин е брутално убиен, тој е жртва на терористички напад”, изјави Макрон, видно потресен.

Убиениот наставник предавал историја во париското предградие. Во рамките на курс за слобода на мислењето, на учениците им покажал карикатури на пророкот Мухамед, што не им се допаднало на сите. Училиштето било изложено на бран критики. Синоќа наставникот со нож бил нападнат на улица, по што подлегнал на смртоносните повреди.

dw.com/mk

Share.