Мандатарот Заев најави укинување на екстерното пред 5 ти јуни

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мандатарот Заев по излегувањето од простириите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција рече дека една од најважните мерки на новата Влада ќе биде укинување на екстерното тестирање и тоа веднаш по формирањето. Тој нагласи дека оваа мерка треба да се укине пред 5 ти јуни,за уште годинава да нема екстерно.

На прашање дали е поднесено барањето од СЈО дали против некој од предложените членови за новата Влада се води истрага рече дела веќе дал налог на правниците да го составуваат барање и дека тоа не е нешто што е врзано со рокови и ова ќе важи за сите други носители на функции во периодот кој што претстои.

“Ако сакаме да ја вратиме правната држава не може луѓето штп се осудени за криминал или кои што се дирекно инволвирани во криминал да бида носители на важни и одговорни функции , а при тоа да бидат сериозно осомничени за нешто што претставува рушење на јавните итереси и рушење на Кривичниот закон.

На прашањето дали министрите предложени од ДУИ се во прислушуваните разговори, Заев одговори:

“Уште кога ги објавувавме бомбите го употребувавме речникот на внимателност бидејќи не претендираме да бидеме јавни обвинители или судии. Наша цел беше сето она што претствува индиција за кршење на закон, злоупотреба на службена положба, кршење на Уставот , кривичните дела да ги процесуираме, а има институции кои што ќе се изјаснат токму по овие прашања.”

Во врска со тоа кои ќе бидат трите најважни чекори за новата Влада , Заев на прво место го спомена укинување на екстерното тестирање.

“ Седницата е закажана за утре, а рокот да се избере Влада е 48 часа и тоа значи дека до среда вечер треба да завршиме со изборот на Влада и тоа се максималните рокови. Веднаш по ова ќе се зафатиме со укинување на екстерното тестирање. Се надевам дека тоа ќе биде навремено завршено за да се испрати порака кон децата, но пред се и кон нивните родители и наставниците дека оваа мерка која е ветување на новата Влада ќе биде спроведена и ќе се воведат нови механизми на квалитетот на образованието. Би било нецелисходно тоа да се случи по 10 јуни оти тестирањето ќе биде завршено. Редно е мерката да се спроведе пред одржување на екстерното тестирање до 5 ти јуни. Верувам дека ќе се стигне. Ако среда се избере Влада, веќе во четврток ќе се разговара за законите кои се доставени до Собранието и тие да бидам изгласани. Ќе работиме на тоа да се подигне нивото на минималната плата. Ќе отвориме можност на малдите да може веднаш по завршувањето на студиите да најдат практична работи, па дури и додека трае образованието, а потоа можност и за постојано вработување. Мораме да направиме преглед на финансиската состојба и имаме намера транспарентно тоа да го соопштиме. Постојат толку многу мерки и веќе подготвивме триесетина закони кои што се готови да влезат во дебата. Тоа се закони кои немаат буџетски импликации и можат веднаш да го подобрат севкупниот амбиент за живот во Македонија”, изјави Заев.

Во врска со бројот на предложените министри без ресор, мандатарот Заев рече дека тие нема да останат без ресор.

“ Тие нема да останат без ресор. Дел од нив се потпретседатели на Влада. До сега Владата на Република Македонија покрај Пемиер имаа 15 министри, пет заменици претседатели на Влада и седум министерства без ресор. Ние сме веќе со два или три ресори помалку. Тоа е пораката на намалување на севкупната бројка на ресори која што ја обременување државата. Сетоа она кое нема да биде неопходно нема да го практикуваме од простоа причина да останат повеќе пари за социјалната помош, за сиромашните, за болните, да помогнеме таму каде што најмногу треба и ќе се водиме од тој аспект на штедење”, рече Заев.

К.Д.

Share.