Мапа на приоритетните зони во Битола за инвертер климите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Jавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди утрово e објавен на веб страната на Општина Битола.
Во повикот стои дека распределбата на средствата за субвенционирање по овој јавен повик ќе се врши врз основа на уредна и комплетна документација, според редоследот на поднесување на
пријавите,  при што првенство при распределувањето на средствата ќе имаат барателите –
носителите на домаќинства кои живеат во една од следните утврдени зони: Централно
градско подрачје 1, 2, 3, 4 и 5, Даме Груев, Јени Маале 2, Боримечка, Североисточна зона,
Ушици, Баир, Девеани, Станбена заедница 3, 4, 5, 6, 7 и 8 – област Маџар Маало, Горно
Оризари и Стрелиште.
Овие приоритетни зони се зони каде е констатирано поголемо загадување на воздухот и користење на печки на тврдо гориво.
Пријавувањето за јавниот повик ќе биде електронски, со пополнување на онлајн формулар и прикачување на потребната документација во скенирана форма на интернет страницата на општината.
Рокот за електронско пријавување започнува на 18.09.2020 година во 08:00 часот и ќе трае до 02.10.2020 година во 16:00 часот.
Вкупните средства кои што се планирани за овој јавен повик, вклучително со данокот на личен доход, изнесуваат 155.000.000,00 денари.
Со објавувањето на јавниот повик два дена пред почетокот на електронското пријавување, граѓаните имаат доволно време за комплетирање на документацијата согласно барањата во јавниот повик, велат од општината.
Share.