Мартин Гарикс за крај на „Skopje Calling“

0
469

Со настап на Мартин Гарикс заврши летниот фестивал Skopje Calling

Број 1 диџејот, направи неверојатна журка, а како што самиот пишува „било лудо“ од целокупната енергија на публиката.

Гарикс го опишува неговото прво доаѓање во Скопје како навистина забавно и лудо…

Иако има само 20 години, Гарикс со години е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде што настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17-годишна возраст, со мегаплатинестиот хит “Animals”, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love” со Бебе Реџа и „Scared to be lonely” во соработка со популарната Дуа Липа, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ-листи.

Пред него, публиката ја загреваа Ampov, Duoz, Alex Adair-и сепцијалниот гостин Justin Mylo.