Масовни судири во Лондон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку едно лице е избодено за време на масовната борба со ножеви, палки и мачети во Стамфорд Хил во Лондон после „илегалниот рејв”, пишува Раша Тудеј.

РТ истакнува дека полицијата била повикана на местото на настанот за да го спречи „насилството во кое се користат мачети и мачеви по илегалниот рејв“ во Лондон.

Снимки од судирот се објавени на Јутјуб.

Сведоците наведуваат дека околу 30 млади луѓе се судриле со разни оружја од ножеви до безбол палки и дека ги уништувале возилата.

Инаку, се наведува дека втора ноќ по ред доаѓа до конфликт.

Полицијата за немири апелираше до младите да го напуштат соседството пред областа да ја блокираат.

Полицијата на крајот ја растури толпата и наводно заплени голема количина на оружје во околните улици во областа. Областа е дом на најголемата еврејска заедница во британскиот главен град.

Share.