Медиумска писменост за млади-онлајн настава во време на корона кризата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Писменоста се пресели. Наместо во училишните клупи, таа сега се случува преку интернет. Причината добро позната на сите. Коронавирусот ни го промени и образованието.

Со почетокот на кризата меѓу првите мерки за заштита беше одлуката да се прекине наставата во основните и средните училишта и на факултетите, бидејќи пред се е здравјето на сите нас.


И тоа не беше лесно и едноставно, беше потребен период на прилагодување и на учените и на наставниците за онлајн настава.


И кога се сфати дека пракса не сите имаат за овој вид настава, професорот Шулевски од Битола преку платформата Зум им понуди бесплатна обука на наставните, за што полесно да се преброди периодот на адаптација.


Паралелено одеше процесот и на едукација и на учење.

Во оваа емисија од Медиумската писменоист за млади ги прашавме и учениците и наставниците дали лесно се прилагодија на онлајн наставата.

Зборуваме и за тоа како и секоја друга работа, така и оваа има своја предност и недостатоци.

А за да не се случи едно да се поправи, а друго да се расипи, прашавме и за тоа колку учениците се безбедни на интернет.

Кога се мислеше дека можеби ќе се случи враќање на училиште, по примерите што ги слушавме за дел од европските земји, почнаа и многу шпекулации и лажни вести. Но, веднаш беа демантирани и падна одлуката дека школската година нема да продолжи во училиштата, туку онлајн. Оттука и прашањето за оценувањето?  Како ќе се напиши завршната оценка, ќе преовладува успехот од редовната настава, која факт е дека подолго траеше или оценувањето од онлајн наставата.


Сите велат дека сакаат што поското да се вратат на училиште, но ако се слушаат најавите за можен нов бран коронавирусот од на есен, тогаш отворено е прашањето како од септември.


Младинскиот културен центар – Битола во соработка со партнерските организации Граѓанска актива ИКАРУС од Демир Хисар и Здружението за спорт и култура од Могила и преку оваа емисија направија обид за поголема медиумска писменосит на младите, оти често сме предмет на дезинформации.  Благодарение на овој проект на Македонскиот институт за медиуми се надеваме дека успеавме и овој пат да ги пренесеме фактите на темата образование и онлајн настава во време на коронакризата.

 

Share.