define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Меконел одби Сенатот вонредно да одлучува за импичментот за Трамп - ТЕРА

Меконел одби Сенатот вонредно да одлучува за импичментот за Трамп

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, сенаторот Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок, на вонредна седница на Горниот дом на Конгресот, да се потврди импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп изгласан од на мнозинството во Претставничкиот дом.

Во соопштението од канцеларијата на сенаторот Меконел се наведува дека лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Зак Замер, денеска бил јасно информиран за оваа одлука.

Редовната седница на Сенатот е закажана за 19 јануари, што значи дека процесот на Сенатот за отповикување на Трамп нема да заврши пред првите денови од претседателскиот мандат на Џо Бајден, чија инаугурација е закажана за 20 јануари.

Според реубликански извори, шансите Меконел да гласа за осуда и отстранување на Трамп од функција се повеќе од 50 отсто. Лидерите на републиканците сакаат тој да биде отстранет од партијата, но се поделени околу начинот како да се стори тоа, коментира изданието.

Сподели