Месецов плаќање на заостанатиот долг на рати

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолски „Водовод“ ги известува корисниците на услугите кои имаат заостанат долг за вода и тоа по основ на тужени, редовни сметки и фактури за сите физички и правни лица дека им се дава можност да го платaт заостанатиот долг на рати.

Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ( од 06.08. 2020 година до 25.08. 2020 година ) од јавното претпријатие велат дека ќе бидат приморани постоечките тужби да ги достават до надлежните извршители, а исто така за заостанате неплатени сметки и фактури ќе се изготвуваат нови тужби.
Велат дека раководниот тим на ЈКП „Водовод“ Битола и во иднина ќе се грижи за своите коминтенти/потрошувачи на вода, преку превземање на мерки кои ќе бидат во интерес исклучиво на корисниците и граганите.
Share.