Мицкоски: Делчев е црвената линија на нашето достоинство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Делчев е нашата тврдина, Делчев е нашиот бастион и од него нема да отстапиме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од синоќешниот трет протест на партијата овојпат за ЕУ и за Гоце Делчев.

„И сакам јасно да реагирам на една теза на власта, неоправданото лепење на етикета врз сите нас, врз сите вас кои што сте овде, но и оние кои што оваа вечер не можеа да бидат со нас. А тоа е дека патриотизмот значи некаква демоде политика и застанатост во минатото. Дека тоа било популизам и некаква анти-ЕУ позиција. Дека откажувањето од Делчев според власта е една од стоте работи која мораме да проголтаме за некаква подобра иднина. Веднаш, веднаш ќе кажам дека не е така, македонизмот и она што сме не е ништо помалку важно од европеизмот, македонизмот е над и пред се. Европската Унија кон која еве веќе 4 години оваа мафија не држи се подалеку е токму тоа за кое и денеска овде викаме едно големо УАА мафијо! Ние сме овде собрани за почитување на различноста, солидарноста и взаемното разбирање. И да, денес сме тука и за Европската унија и за Гоце Делчев.

Нашите историчари кои разговараат мора да знаат дека ја имаат нашата поддршка, поддршката од народот кога веќе ја немаат таа од власта, затоа еден громогласен аплауз за нашите историчари, кои се борат за нашите македонски позиции. Народот е најважен затоа што народот е државата, а не смееме да и дозволиме на власта да станеме територија, а не држава.

Протестираме, затоа што Делчев е и европска вредност, затоа што неговата идеја за слобода и културно издигнување на еден народ е идеја врз која почива и Европската Унија. А нашата иднина е токму таму во Европската унија.

И јасно и гласно кажувам ова СДСМ предводено од Зоран Заев не е за Европската Унија, затоа што тој е се што е спротивно од она што претставува европска вредност“ рече меѓу другото во своето обраќање Мицкоски.

Share.