Мигрантите поголем предизвик од грчката криза

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Прашањето со азилот би можело да биде идниот голем европски проект во кој ќе покажеме дали навистина сме способни да преземеме заедничка акција“, оцени Меркел за германската телевизија.

Германија е преплавена со азиланти и, според некои проценки, годинава се очекуваат околу 600 илјади барања за азил.

Во врска со над 200 напади што биле извршени од почетокот на годинава досега врз домовите каде што се сместени барателите за азил во Германија, Меркел изјави: „Тоа е недостојно за нашата земја“.

Таа исто така како многу ложа ја оцени ситуацијата со бегалците кои се сместени во шатори и кои чекаат да добијат азил во земјата.

Меркел повика Европската унија да направи список на безбедни земји каде што нивните граѓани не се под закана на насилство или на прогон.

Во минатата недела германскиот министер за внатрешни работи изјави дека е неприфатливо тоа што 40 насто од барателите за азил во неговата земја биле од Балканот, наведувајќи дека тоа е „срамно за Европа“.

Share.