Милион граѓани бараат оставка од претседателката на Бразил

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Речиси 900.000 Бразилци, според полицијата, протестираа вчера барајќи од претседателката на Бразил Дилма Русеф да даде оставка поради нејзината вовлеченост во скандали на корупција и економско-политичка криза. Според организаторите, протестирале 2 милиони луѓе. Во март протестирале 3 милиони луѓе од истите причини.
Протестот го организирало граѓанско движење со поддршка на еден дел опозицијата а протестите се одвивале во повеќе градови.
Граѓаните бараат оставка или деституција на претседателката. На протестот имаше транспаренти на кои пишуваше “Оди си Дилма!” и “Не на корупцијата!”.

Share.