Милошоски се обрати пред ДИК

0
844

Антонио Милошоски се обрати вечерва пред Државната изборна комисија каде претходно се собраа стотици подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ДИК се одржува седница на која тие одлучуваат за приговорите кои ги поднесоа партиите СДСМ и БЕСА за изборите.

„Вечерва Државната изборна комисија има избор или да ја признае волјата на народот, или да се соочи со гневот на народот. Ние не сакаме немири, ние не сакаме проблеми само сакаме да ни се признае тоа што го заслуживме, победата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Милошоски.

Атмосферата пред ДИК е тензична и присутно е силно полициско обезбедување. Внатре продолжува седницата на ДИК, каде треба да бидат донесени одлуки за приговорите на партиите за нерегуларностите во изборниот процес.