Министерот Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потврди дека неговиот владин колега и сопартиец, Оливер Спасовски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје од вчера, поради покачена температура заради Ковид-19.

Како што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Share.