Министерот за одбрана и претседателката на парламентот позитивни на Ковид 19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за одбрана Александар Вулин и претседателката на парламентот Mаja Гојковиќ објавија дека се позитивни на коронавирус, додека српските медиуми најавуваат дека Александар Вучиќ би можел в понеделник да предложи заострување на мерките.

Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 227 нови случаи на зараза, а починале две лица.

Седуммина студенти од Студентски град во Белград се заразени со Ковид-19, а присуство на вирус е потврдени и кај четири ученици од осмо одделение и двајца директори на училишта во Белград и Нови Пазар.

Share.