Момчето кое стана симбол на страдањето на цивилите во Сирија

0
626

Објавени се нови фотографии и снимки на Омран Дакниша, момчето чие лице стана симбол на страдањето на цивилите за време на опсадата на Алепо минатата година.

Семејството на Омран зборуваше со сириските државни медиуми во понеделникот. На видеото може да се види дека момчето е здраво и ужива со својот татко.

Постариот брат починал од тешки повреди

Ова е прв пат Омран да се појави во медиумите по страшниот воздушен напад во август минатата година, кога е снимен во возилото за брза помош. Неговиот постар брат Али почина од тешки повреди.

Таткото на Омран изјави дека семејството одбило да разговара со медиумите на опозицијата и останало скриено се до крајот на минатата година, кога преминале во територијата под контрола на владата.

„Отсекогаш сме биле на страната на режимот“

Таткото додаде дека бунтовниците го искористиле неговиот син како „средство за пропаганда“, иако семејството отсекогаш било на страната на режимот.

Семејството почнало да го вика момчето со друго име, му ја потстрижиле косата и го учеле да се заштити од медиумите и заканите за киднапирање.