Монографија-20 години здружение за македонско германско пријателство

0
821

Здружението за македонско германско пријателство и соработка од Битола е основано во 1996 та година. Од тогаш до денес, се организирани голем број на активности, од сите области на пријателството и соработката меѓу двата народи, македонскиот и германскиот. Почнувајќи од изложби, семинари, филмови, театарски претстави, културни и стопански соработки па се до воведување на германскиот јазик во голем број на основни и средни училишта и на факултетите во нашиот град се резултат на планот и програмата донесени на основачкото собрание. По повод јубилејот беше промовирана монографија.
Автори на истата се проф. д-р. Златко Жоглев, проф. д-р. Петар Раул и д-р. Валентина Илиева.
Во самата монографија се претставени големиот број на манифестации, на македонски и германски јазик.
Јубилејот на здружението го честиташе и градоначалничката на Битола, м-р.Наташа Петровска и амбасадорот на Германија во Македонија Томас Норберт Герберих.
Присутните се потсетија на почетоците на формирањето на здружението, она што тие го зацртаа како цел во нивната програма и целите кои ги реализираа во изминатите 20 години.

На почетокот здружението броело 80 членови, а секоја година бројот се зголемувал.

Преку здружението е исполнета основната цел – презентирање на германската култура и јазик во Битола и во целата земја и презентирање на македонската култура и јазик во Германија.

Во изминатите 20 години во рамките на активностите на здружението се реализирани над 230 настани- изложби, предавања, концерти, семинари, литературни читања, театарски претстави .