Монтажен тоалет в Драгор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На местото каде што се изведуваат градежни работи за реконструкија на дел од булеварот Први мај во делот на Старата чаршија кај местото популарно викано кај рибарниците, монтажен тоалет завршил в река.

Ветер не дуваше, барем не урагански за да го однесе долу во речното корито, ниту пак се работи за некоја уметничка инсталација.

Честопата сме гледате слики како контејнери завршувале долу, но денеска тоалетот се најде во водите на реката Драгор. Освен грдата слика и неможноста некој да го користи, тоа зборува и за културата односно некултурата на однесување.

 

Share.