Во Битола, беше одржан целодневен семинар за наставници и професори по германски јазик- прв од ваков вид во Р. Македонија на тема -Моодле во наставата по германски јазик, во организација на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка – Битола, заедно со Здружениоето Моодле Македонија.
Ова здружение е формирано во јануари оваа година и засега брои 30-тина членови.
На семинарот предаваа тројца професори.
Истиот го отвори претседателката на Здружението за македонско германско пријателство и соработка д-р Валентина Илиева .
Здружението за македонско германско пријателство постои 18 години во кој период организирале бројни културни настани.
За овој семинар, беше изработена платформа, упатство на македонски и германски јазик за професорите и учениците.
Проектот е поддржан од Гете Институт и Амбасадата на Р. Германија.
Неда Маретиќ