Москва: Постои високо ниво на сигурност дека лидерот на Исламска држава е ликвидиран

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за надворешни работи на Русија објави дека постои високо ниво на сигурност дека лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади е мртов, пренесува руската агенција РИА Новости.

Во соопштението се потсетува дека минатата недела Москва соопшти дека руските сили можеби го убиле Ал Багдади во воздушен напад, но Вашингтон не беше во можност тоа да го потврди, а западните и ирачките функционери беа скептични околу објавата на Русија.

Министерството за одбрана на Русија соопшти претходно дека ги проверува тврдењата дека Ал Багдади е убиен во руски воздушен напад, извршен на 28 мај во Рака.

mkd.mk

Share.