На 73-от роденден на Битола

0
600

Со композицијата Битола мој роден крај, на мешаниот хор на КУД Стив Наумов од Битола, под диригенство на маестро Љубо Трифуновски, беше отворена свечената манифестација за одбележувањето на денот на ослободувањето на нашиот град 4-ти ноември.
По повод празникот на Битола беа доделени 4-то ноемвриските награди.  Наградата за животно дело ја доби Проф.д-р Трајко Огненовски  познат универзитетски професор, докажан научник и лингвист, беа доделени и  едногодишни награди во неколку области: Д-р Васо Радивоевиќ, вработен во ЈЗУ. Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола, за достигнувањата од областа на здравствената заштита, Драган Најдоеновски – самостоен ликовен уметник, претседател на ДЛУБ. за неговата голема ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола и Менка Николовска, за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата. Во име на Менка Николовска наградата ја прими Фатма Аземовска претседател на Здружението  „Сумнал“.

На свеченоста се обрати градоначалничката, Наташа Петровска која им ги честиташе наградите на добитниците.
Претходеше и изложбата на цртежи донирани на Општина Битола од страна на детското ликовно студио „Мал Битолски Монмартр“.
Исто така беа одржани повеќе традиционални манифестации како -25-тиот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“,
–    концертот   на   пензионерската   пеачка   група „Сирма Војвода“,
–    Конференцијата „Европска недела на претприемништво“,
–    Кугларскиот турнир 4-ти Ноември,
–    Ликовната изложба на Друштво на ликовни уметници Битола,
–    Ноќната атлетска трка
и други бројни содржини на кои што учествуваа голем број спортисти, уметници и поединци од нашиот град.

Годинава Општина Битола донираше 30 000 денари во Центарот за деца со аутизам во Битола.