На „Битола Отворен Град“ вечер на грамофонски плочи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синоќа во Магазата започна 19. издание на „Битола Отворен Град“, на настанот беше промовирана Монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“ на Тошо Филиповски. Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на кои е забележана музика од македонски автори, музичари, изведувачи и продуценти на околу 480 страници. Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието и на првата „Македонска рок-енциклопедија“.

Вечерта преку музика на винил „говореше“ ДиЏеј Чико, го прашавме за разликата помеѓу музика во дигитален формат и музика на винил.

„Битола Отворен Град“, продолжува и вечерва со концерт во Хераклеја на Плутос Даутс 21.00, Фолтин 22.00 и Суперхикс 23.30, на концертот е задолжително почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД -19.

Share.