На грбот на Битола-Царска круна

0
1190

Битолскиот Завод и музеј и годинава се вклучува во програмата на битолското културно лето. Милениумскиот јубилеј за Битола ќе биде повод за прослава на овој значаен датум. Директорот на Завод и музеј Зоран Алтипармаков зборуваше за пронајдената плоча артефакт која што се наоѓа во музејот во Битола, а на која на кирилично писмо било испишано името на градот.

Битола била престолнина на Гаврило Радомир и дека по сите хералдички правила како што рече Алтипармаков имаме право да грбот на Битола да биде поставена царска круна.

Градоначалникот на Битола рече дека на плакатите за промоција на содржините на Бит Фест ќе се најде грбот на општината со царска круна.