define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); На Копанки поставена камера, во живо ги пренесува условите на ски-патеката - ТЕРА

На Копанки поставена камера, во живо ги пренесува условите на ски-патеката

Во Ски-центарот Копанки на Пелистер поставена е камера која во живо ги пренесува условите на ски-патеката и на околината на центарот, соопшти ЕСМ.
Камерата може да се следи на страната СкиМакедонија, на чиј тим ЕСМ му упатува благодарност за соработката.
„ Се надеваме дека сликата, која ќе може секојдневно да се следи во живо, ќе придонесе што повеќе граѓани на Битола, но исто така и од другите градови и од странство, да одлучат да го посетат ски-центарот Копанки и да уживаат во природните убавини на Пелистер“ велат од ЕСМ.
Сподели